Skip to content

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА НАШИТЕ УСЛУГИ

Комплетен кардиолошки преглед

ЕКГ - Електрокардиографија

Електрокардиографија (ЕКГ) е стандардна метода на снимање на импулсите на електричната активност на срцевиот мускул. Неинвазивен, евтин и не претставува никаков ризик за пациентот. Тој е способен да обезбеди информации за различни срцеви заболувања, особено се користи за откривање на аритмии, блокови на срцевата електрична спроводливост, миокардна исхемија и метаболички заболувања

Ехокардиографија - ехо на срце

Eхокардиографија или ултразвучен преглед на срцето е едно од нај важните методи во дијагностиката на срцевите заболувања.
Оваа техника овозможува визуелизација на сите срцеви структури, димензии на срцеви кавитети, проценка на пумпната сила на мускулот на срцето, морфологија и функција на срцеви залистоци и исто така протокот на крвта низ срцеви шуплини.
Со помош на оваа процедура се дијагностицираат вродени и стекнати срцеви маани, кардиомиопатии, систолна и дијастолна функција на левата комора, заболување како ендокардит, миокардит и перикардит.

Ехо-Доплер на крвни садови

Доплер на крвни садови е ултразвучен преглед, кој се користи за евалуација на големите крвните садови, крвните садови на врат и крвните садови во периферија.
За време на прегледот се добиваат слики од артериите кои овозможуваат проценка на калибарот и, покрај тоа што овозможуваат визуелизација на стеснувања, дилатации и масни наслаги или згрутчување внатре во артеријата.
Исто така, ја проценува брзината и насоката на протокот на крв.

Неинвазивни дијагностички процедури

Коронарен стрес тест

Коронарен стрес тест е извонредно важна дијагностичка и прогностичка процедура, а се користи за процена на проодноста на срцевите артерии, односно степенот на стеснување кај пациентите со исхемична болест на срцето.
Исто така се користи за евалуација на крвен притисок при оптеретување, аритмии на срцето при оптеретување, оценка на степенот на можно оптеретување после инфаркт и операција на срцето.

24 часовен-ЕКГ холтер

24 часовен -ЕКГ холтер ја испитува електричната функција на срцето за период од 24 часа.
Со ова дијагностичка процедура се следи ритамот на срцевата работа за подолг период бидејќи некои состојби кои го пореметуваат ритамот се јавуваат повремено или при состојба на сон, психички стрес или физичка активност.
Се користи со цел утврдување на постоење на неправилности во срцевиот ритам-аритмии и одредување на ефикасноста на терапија при третман на аритмиите.

24 часовен холтер АБП

24 часовен холтер АБП(мониторирање на крвен притисок) е дијагностичка процедура при која што се врши 24-часовно мерење на артерискиот крвен притисок при што пациентот си ги извршува нормално секојдневните активности.
Целта на оваа дијагностичка метода е следењето на варијациите на крвниот притисок во одредениот период и проценка на ефектот на дадената терапија за лекување на висок крвен притисок.

Кардиолошки преглед кај деца

Кардиолошки преглед кај деца

Со педијатриска кардиоваскуларна ехокардиографиска процедура се визуелизираат срцевите шуплини дали истите се со нормални димензии, се гледаат преградите помеґу коморите и преткоморите, кои може да бидат честа причина за шумови кај деца и срцеви аномалии , проценка на валвулите на срцето, како и визуелизација на големите крвни садови кои излегуваат од срцето (белодробната артерија и аортата).

Ултразвучен доплер

Доплер на вени

Со доплер испитуваье на вените на нозете се гледа нивната морфологија , проодност, проток на крвта низ нив и се утврдуваат евентуалните аномалии. Ова испитување треба да се направи при отоци на нозете, тромбоза и други опструктивни промени кои може да се појават во венската циркулација во нозете.

Транскранијален доплер - Bubble test

Претставува дијагностичка метода , за откривање на вродена срцева мана ПФО ( Patent foramen ovalе)- мал отвор помеѓу двете преткомори на срцето која нормална се затвара по раѓање. Bubble test - вклучува интравенска инјекција на микро-меурчиња (мешан физиолошки раствор со воздух). Заедно со инјектирањето, доплер сигналот се снима со транскранијален доплер , најчесто во средната церебрална артерија (MCA). Во случај на постоечка Patent Foramen Ovale, воздушните меури кои се всушност микроемболи минуваат низ дупката од десното срце кон левата страна преку отворениот шант. Затоа, крвта што се испумпува од срцето вклучува мешавина од овие воздушни микроемболи и стигнува до церебралната циркулација.